Со гордост го заокруживме тридневниот настан EIT Food Challenge Labs & Awareness Event 2025, кој се одржа од 28.10 до 30.10 во организација на Вита Нова – ЗА доо Скопје, како круна на Вита Нова Денови на Иновации!
На финалниот настан, одржан во Mercedes-Benz Rooftop, дванаесет тимови ги претставија своите иновативни решенија пред стручно жири составено од претставници на академијата, индустријата, EIT Food и Инова- Агенција за иновации и технолошки развој.
Секој од нив претстави храбра визија за иднината на храната – преку персонализирана и преветивна храна, дигитализација, паметни сензори, дрон-технологија и еколошки иновативни решенија.
Посебна благодарност до жирито и панелистите за нивниот придонес, професионализам и инспиративни дискусии кои го обоија овој настан.
Благодарност и до сите ментори, претставници од универзитетите, стопанските комори и младите претприемачи кои придонесоа ова финале да биде вистински празник на иновацијата.









