За нас

Почетоците на “Вита Нова – ЗА” се во 2006 година кога во Скопје е отворена првата канцеларија и официјалното застапништо на реномирани странски производители на најквалитетни суровини наменети за фармацевтска, козметичка, прехранбена и други индустриски гранки.

Од нашето основање до денес, континуирано тежнееме да го подобриме квалитетот на човечкиот живот, задоволувајќи ги барањата на нашите клиенти. Се движиме во согласност со развојот и иновациите на нашите партнери, постојано наоѓајќи решенија за барањата на нашите клиенти преку искрена и отворена соработка.

Работејќи со многу љубов и ентузијазам, по вложениот труд и постојаното унапредување на квалитетот на нашето работење, во 2008 година излеговме од нашите граници и отворивме втора канцеларија со седиште во Белград, со што ја проширивме нашата понуда на суровини кај производителите од централниот балкански регион. Во овој момент, покрај производителите од Македонија, наши клиенти се компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.