Партнери

Компанија со повеќе од 130 години традиција во производството на високо квалитетни минерали и минерални соли  кои наоѓаат примена во фармацевтска, прехранбена и козметичка индустрија, како и во развој на диететски суплементи и други технички апликации. Палетата на производи на оваа компанија содржи минерали и минерални соли со специфичен квалитет, чистота и пакување.  Специјалните премикси, микроенкапсулирани минерални соли, гранулати и микронизирани соли се дел од производите кои го прават овој производител посебен на пазарот.
Dr. Paul Lohmann
Лидери во производство и развој на иновативни природни суровини за прехранбена индустрија и здрава исхрана изминативе 120 години. Препознатливи по производството на растителни влакна од самите почетоци на компанијата. Нивната палета денес е посебна и по понудата на билни екстракти со биолошки активни компоненти поддржани со клинички студии за позитивно влијание врз здравјето.
Nexira
Lasenor е Шпанска приватна компанија создадена во 2004 година како нова единица во HOLDFOOD GROUP групацијата за производство на природни и синтетски емулгатори. Во оваа групација се приклучуваат со над 20 години искуство во областа на производство на лецитини и нивни деривати, како и со над 35 години искуство во понуда на олеохемикалии- естри на масни киселини и нивни деривати.
Lasenor
Nutrilo е основана во 1984 година како компанија насочена кон специјализирани и изработотувани по нарачка премикси од витамини, минерали и нивни комбинации. Во понудата се вклучени и производство на шумливи таблети, пастили, тврди желатински капсули, инстант напитоци во рефус или индивидуални пакувања.
Nutrilo
Основањето на Divi’s како компанија е во 1990 година со главна дејност  истражување и развој на активни фармацевтски производи. Од 2006 година Divi’s Nutraceuticals  снабдува целосен спектар на каротеноиди и витамини. Портфолиото на производи се состои од производи во течни и цврсти форми без ГМО, усогласени со актуелните регулаторни барања за употреба во храна, додатоци во исхрана, храна за животни и козметика.
Divi’s Nutraceuticals
Германски бренд со 30 години традиција во истражување и примена на стабилизатори и емулгатори за прехранбена индустрија. Главна цел на компанијата е производство и имплементација на наменски стабилизирачки системи за млеко и млечни производи,  месо и месни производи, кечапи, мајонези, сосови и друго.  Како член на Stern-Wywiol Grouppe, Hydrosol заедно со стручниот тим од преку 80 екперти на своите клиенти им дава поддршка за развој на нови производи и модификација на постоечките, во нивниот истражувачки центар во Аренсбург, Германија.
Hydrosol
OlbrichtArom има 140 години експертско искуство во производството на ароми, овошни пасти и сирупи. Како пионери во изработка на природни пасти од кора од лимон и портокал, нивното портфолио денес ги задоволува специфичните вкусови. Од 2010 година се приклучува на семејството Stern-Wywiol Grouppe – Германија зголемувајќи ја понудата на ароми во течна и прашкаста форма.
OlbrichtArom GmbH & Co. KG
Интернационална компанија производител на ензими за примена во различни индустрии како што се пекарска, винска, индустрија за безалкохолни пијалоци, индустрија за производство на сточна храна. Од 1907 година до денес е активен и успешен учесник во полето на развој и производство на ензими.
AB Enzymes
Основана во Декември 2006 година, Kappa Bioscience е норвешки бренд препознатлив по тоа што на традиционалниот процес на производство на витамини пристапува со нови иновативни чекори. Еден од нивните најзначајни производи е патентот што опфаќа производство на чист витамин К2 во формата менакинон‑7 (MK-7). Kappa Bioscience се горди на нивната понуда витамин К2 со висока чистота. Како иновативен лидер и прв двигател во светот на витамин К2 МК-7, тие имаат широко познавање за витамини и во моментов се единствениот производител на витамин К2 како чист МК-7 во различни продукт форми. Врз основа на само-потврдено одобрување на GRAS, нивниот K2 MK-7 може да се користи и во конвенционална храна. Со Kappa, нашиот главен фокус е да го развиеме витаминот К2 на пазарот на додатци за исхрана и пазарот на збогатена храна.
Kappa Bioscience
CEAMSA е иновативна компанија специјализирана во производство, развој и дистрибуција низ цел свет на широко портфолио карагенани, пектини, влакна, алгинати и рафиниран Locust Bean Gum. Овие хидроколоиди се карактеристични и препознатливи по нивните својства на стабилизација, формирање на гел, згуснување и подобрување на текстурата и се применуваат за одржливи решенија во индустрија на храна и пијалоци како и во индустријата на додатоци во исхрана и фармација. Продуктите на CEAMSA ги исполнуваат барањата за здраствени тврдења (чиста етикета-clean label, замена за масти, без глутен) како и етички (веган) и религиозни (Кошер, Халал) барања. Повеќе од 50 години искуство на давање текстура на вашите производи.
CEAMSA

Бидете во тек со вита нова


партнери