За нас

Почетоците на Вита Нова – ЗА датираат од 2006 година, кога во Скопје е отворена првата канцеларија, претставувајќи официјално застапништво на глобално познати и реномирани производители на висококвалитетни суровини. Нашето портфолио е насочено кон индустрии кои поставуваат високи стандарди: фармацевтска, козметичка, прехранбена, како и други индустриски гранки каде што квалитетот, безбедноста и иновацијата се основни принципи.Од самите почетоци, целосно сме посветени на креирање долгорочни партнерства, базирани на доверба, стручност и етика во работењето. Наша главна водилка е постојано да ги надминуваме очекувањата на нашите клиенти, обезбедувајќи производи и услуги кои се усогласени со најновите глобални достигнувања и технолошки иновации.

Мисија:

Нашата мисија е да дејствуваме како двигател на иновација и квалитет – глобален тим од стручни и креативни професионалци кои, следејќи ги светските трендови и технолошки достигнувања, обезбедуваат нови решенија за подобрување на производите и процесите на нашите партнери. Внимателно ги следиме потребите на клиентите и секогаш се стремиме кон одговорна и отворена соработка.
Со визија и одлучност, во 2008 година го проширивме нашето присуство надвор од македонските граници, отварајќи регионална канцеларија во Белград. Денес, успешно ги опслужуваме пазарите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, обезбедувајќи континуирана поддршка и консултативни услуги на производителите од централниот балкански регион.Нашите партнери можат да бидат сигурни дека работат со компанија која доследно го почитува секој стандард на квалитет, сигурност и професионализам.

Визија:

Да останеме клучен елемент во синџирот на снабдување на производителите на крајните продулти во индустриите кои ги застапуваме, преку понуда на врвни суровини и решенија кои се основа за успешно и одговорно производство. Стремиме да бидеме препознаени по довербата што ја изградивме, по стабилноста што ја нудиме и по додадената вредност која ја носиме на секој пазар каде што сме присутни.

Квалитет:

Квалитетот е длабоко вграден во сите сегменти на нашето работење. Работиме според строго дефинирани процедури и во согласност со меѓународните стандарди за управување со квалитет. Вита Нова – ЗА е сертифицирана според стандардот ISO 9001:2015, со што потврдуваме дека секој аспект од нашето работење – од набавка и складирање, до техничка поддршка и испорака – е под постојан мониторинг и контрола.